Дома Галерија Документи

АКТИВНОСТИ

Здружението за Македонско-шведско пријателство од Битола и делегација од администрацијата на општината Халанд од Шведска во посета на Мариово

Посетата се реализира на 13.03.2008 година, со цел запознавање на нашите пријатели од општината Халанд од Шведска со капацитетите на мариовскиот крај. Посетата започна со посета на градоначалникот на општина Новаци , г-динот Лазе Котевски, кои детално ги претстави карактеристиките и потенцијалите на општината и одговараше на голем број прашања од видно заинтересираните гости. Потоа гостите заминаа да го посетат најегзотичниот дел од Македонија, Мариово. Ги посетија селата Маково, Рапеш, Старавина и Градешница. Гостите беа импресионирани од раскошот и можностите кои ги нудат овие краишта и беа заинтересирани за соработка од обласите на туризмот, екологијата, а посебен интерес пројавија за ловниот туризам. Одличното мариовско гостопримство беше круна на посетата, која сигурно ќе остани долго во сеќавањето на нашите пријатели од далечната Шведска.